Го нарекувале „бела смрт“ – снајперист кој за 100 дена убил 500 војници (видео)

Сподели со своите пријатели

На финскиот снајперист Симо Хајха, уште познат и под името „Белата смрт“, му се препишуваат повеќе од 500 убиства на непријателски војници во рок од 100 дена во текот на Зимската војна против Советскиот Сојуз од 1939 до 1940 година.

Loading...

Скриен во снегов со бела замаскирана облека која го правела невидлив, ги вребал противниците и се подготвувал за пукање.

Имено, во есента 1939 година Советскиот Сојуз од Финска барал својата граница да ја помести 25 километри од Ленинград. Финската влада го одбила оваа барање, па Советскиот Сојуз предизвикал инцидент кој го искористиле за напад врз Финска.

Фармерот Симо откако Финска била нападната го повикале во служба. Тој ја оставил фармата и со себе понел ловачка пушка М28. Наскоро двете земји ги мобилизирале своите трупи на границите и тој бил испратен на првата линија.

Советскиот Сојуз нападнал, а Финците се бранеле. Ниту еден снајперист на војувалиштето не можел да се спореди со овој Финец, токму поради тоа советските сили одлучиле да го спречат, но долго време тој план им бил безуспешен.

Се обиделе да ја бомбардираат локацијата на која тој се наоѓал, но не успеале. Тој станал толку славен што војниците му испраќале писма на домашна адреса во кои опишувале како го запознале.

Неговото оружје била руската пушка Mosin-Nagant M91, а кариерата му завршила откако бил погоден во лице, шри што настрадал дел од неговиот образ и долниот дел од вилицата. Тој преживеал и станал најлегендарниот жив херој на Финска.

Починал во 2002 година и тоа од природна смрт.

Loading...