Дека гледањето хорор филмови може да предизвикува необични појави во нашето тело, докажува и група холандски истражувачи.
Научниците откриле дека при гледање на хорор филмовите се активира протеинсккиот фактор VIII, кој влијае на коагулацијата на крвта.
Меѓутоа, напоменуваат дека фановите на овие остварувања немаат причини за паника и дека и натаму можат слободно да гледаат вампирски драми и страшни авантури.
Како што пренесува „Гардијан“. Холандските истражувачи анализирале крв на 24 различни млади луѓе откако добиле за задача да гледаат филм со паранормални појави.
Нивната цел била да воочат дали стравот како што се верува уште од средниот век, навистина ја „леди крвта во вените“.
Тестовите покажале дека по гледањето на хорор филмот кај учесниците нагло пораснало нивото на протеинскиот фактор VIII, што не се случиле кај оние кои гледале патеписен документарец.
Просечниот раст од над 11 IU/децилитри протеини во крвта кај престрашените гледачи можело да се протолкува како 17% поголеми шанси за добивање на венска тромбоза.
Сепак, научниците не успеале да воспостават било каква врска измеѓу стравот и останатите згрутчувања на протеините. Иако гледањето на хорор филмовите предизвикува коагулација, таа не доведува до настанување на згрутчување.
Со згрутчувањето на крвта во моментот на страв нашето тело се обидува да ограничи евентуално крварење, објаснуваат научницит еи додаваат дека би било корисно подлабоко да се поручи овој биолошки механизам.