Гласајте за Ивона на вечерашното полуфинале на ”Макфест”

Сподели со своите пријатели

Кумановската претставничка Ивона Јовановиќ заедно со група “Рафинерија” вечерва ќе настапи на овогодинешниот фестивал за забавни мелодии “Макфест” со песната насловена како “Тешко време”.

Loading...

Ивона и Рафинерија настапуваат во втората полуфинална вечер, поточно на 04.06.2015 (четврток) под реден број 09.

Фестивалот директно ќе го пренесува Македонската радио телевизија и Канал 77, со почеток во 20:30 часот.

По завршување на сите композиции граѓаните ќе имаат можност да гласаат за својот фаворит, со цел да влезе во финалето. Доколку тоа биде Ивона и песната “Тешко време” ќе треба да гласате со текст 09 на бројот 141 730.

Цена на пораката е 10 денари со вклучен ДДВ.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.