Германскиот производител на оружје го зголеми профитот за повеќе од трипати

Сподели со своите пријатели

Германскиот производител на оружје „Хеклер и Кох“ оствари рекорден профит во првата половина од годината благодарение на зголемените средства за одбрана на членките на НАТО по руската инвазија на Украина, објави денес германската новинска агенција ДПА.

Приходите во првите шест месеци достигнаа 263,9 милиони евра, што е за 47,1 процент повеќе во однос на истиот период минатата година, а профитот е зголемен за повеќе од трипати, од 11,8 милиони евра на 40,8 милиони евра.

„Хеклер и Кох“ произведува автоматски пушки, митралези, пиштоли, полумитралези и фрлачи на гранати.

Освен германската армија, купувачите се Франција, Норвешка и балтичките земји, кои, поради близината до Русија, се стремат дополнително да ги зајакнат своите одбранбени капацитети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќерката на Орбан правела луксузна забава со инфлуенсери и потрошила 8 милиони евра државни пари: Нова афера ја тресе Унгарија

Вредноста на нарачките во првата половина од годината изнесуваше 260 милиони евра, нешто помалку од претходната година.

Сепак, во јули, германскиот Бундесвер ја зголеми својата нарачка од 120.000 на 250.000 автоматски пушки, дополнително зголемувајќи ја вкупната вредност на нарачката.

„Иновацијата и растот одат рака под рака“

Компанијата вработува повеќе од 1.400 луѓе, претежно во своето седиште на југот на Германија, и планира да прошири помал објект за склопување пиштоли во САД.

По инвестирањето вкупно околу 100 милиони евра од 2020 до 2025 година, „Хеклер и Кох“ планира да инвестира уште 230 милиони евра во нова опрема, модернизација на инфраструктурата и поефикасни производствени процеси до крајот на 2028 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каде се најскапи становите во Европа? Квадрат во еден град чини дури 23.000 евра!

„Иновацијата и растот одат рака под рака“, рече извршниот директор Јенс Бодо Кох.