Зеленски: Русија испали 16 балистички ракети и повеќе од 280 дронови во текот на ноќта

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека бројот на повредени во рускиот напад врз универзитетскиот кампус и неговата околина се зголемил на 12, и дека меѓу нив има пет студенти и вработени на универзитетот.

Тој изјави на X дека Русија лансирала 16 балистички ракети и повеќе од 280 дронови во текот на ноќта, и дека нападите резултирале со жртви и удари во Киев, вклучувајќи го и Јужниот мост.

Според него, напади се регистрирани и во Виница, Запорожје, Днепар, Харков, Одеса, Чернигов, Сума, Донецк, Херсон и Черновци, а целите биле речиси насекаде во енергетскиот сектор, логистиката и градската инфраструктура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Русија договорија привремено примирје во Херсон

Зеленски оцени дека доцнењата во испораката на пакети пресретнувачи за системите „Патриот“ и „НАСАМС“ директно ѝ помагаат на Русија да ги постигне своите предизборни цели и предупреди дека руските напади продолжуваат секојдневно.

Тој повика на зголемен притисок врз Русија и навремена поддршка за Украина, нагласувајќи дека тоа е неопходно за да се промени ситуацијата, да се заштитат животите и да се приближи мирот, пренесува Танјуг.