Германска медицинска сестра киднапирана во 2018 година во Сомалија. Сега се појави во нова снимка!

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појави ново видео на кое се гледа видно потресената Соња Ниентиет, германска медицинска сестра која беше киднапирана пред седум години во Сомалија.

Loading...

Ниентиет е снимена како ја моли германската влада да обезбеди нејзино ослободување.

Таа признава дека нејзиното здравје се влошило, но вели дека ја задржала надежта дека ќе ги види своите најблиски.

Ниентиет беше однесена од комплексот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во главниот град на Сомалија, Могадишу, преку задната врата на 3 мај 2018 година.

Сомалиските власти подоцна објавија дека незадоволен чувар на МКЦК бил вклучен во киднапирањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е Марк Карни, новиот канадски премиер кој извојува огромна победа на изборите?

Киднаперите подоцна побарале откуп во милиони долари.

Берлин нема коментар

Портпаролот на МКЦК Кристијан Кардон рече дека најновите снимки даваат „надеж за нејзиното ослободување“.

„МКЦК ќе продолжи да работи неуморно, со сето свое влијание, за таков исход“, рече тој, додавајќи дека е „длабоко загрижен“ за здравјето на Ниентие.

Loading...

„За да не ги поткопаме напорите, не можеме да споделуваме информации за киднапирањето, ниту да коментираме за околностите“, објасни Кардон.

Ниентиет, која зборува англиски со германски акцент на новата снимка, видно остарела.

Нема многу информации за Ниентиет од нејзиното киднапирање и ова е само второ видео во кое таа се појавува по киднапирањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луфтханза укинува популарна услуга во авионите: Ќе влијае и на патниците, и на екипажот

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека владата начелно не ги коментира случаите на киднапирани германски државјани во странство.

Безбедносната ситуација во Сомалија останува нестабилна поради неодамнешните напади на Ал Шабаб.

Последниот напад беше оној на претседателскиот конвој.

Сомалиската влада ја засили својата воена кампања против Ал Шабаб.

 

Loading...