Германскте власти вршат притисок на 100-годишниот поранешен чувар на нацистичкиот концентрационен логор да му се суди речиси 80 години по крајот на Втората светска војна.
Вишиот регионален суд во Франкфурт вчера соопшти дека ја поништил одлуката на понискиот суд според која осомничениот е прогласен за неспособен за судење.
Осомничениот, именуван од германските медиуми како Грегор Форманек, беше обвинет минатата година за помагање и поттикнување убиства во 3.322 случаи додека работел во концентрациониот логор Заксенхаузен во близина на Берлин, помеѓу јули 1943 и февруари 1945 година.
Меѓутоа, во февруари вештачењето утврдило дека Форманек не е способен да му се суди поради неговата психичка и физичка состојба, а судот во Ханау одлучил да не поведе постапка против него.
Судот во Франкфурт вчера утврди дека одлуката на експертот не се заснова на „доволни факти“.
Десетици илјади луѓе загинаа во Заксенхаузен
„Самиот вештак изјави дека не е можно да се сослуша обвинетиот и дека не постои можност за опсежно психијатриско тестирање“, се наведува.
Германија се бори да ги изведе пред лицето на правдата последните преживеани нацистички воени злосторници по значајната пресуда од 2011 година, која го отвори патот за неколку судења.
Еден поранешен чувар на нацистичкиот логор, Џон Демјанјук, беше осуден во 2011 година врз основа на тоа дека служел како дел од машината за убивање на Хитлер, иако немало докази дека директно убил некого.
Оттогаш, неколку поранешни работници на концентрациониот логор се прогласени за виновни за соучесништво во убиство по истата основа.
Меѓутоа, како што одминуваше времето, многу случаи беа отфрлени во последниве години откако обвинетите починаа или беа неспособни да им се суди.
Десетици илјади умреа таму од принудна работа, убиства, медицински експерименти, глад или болест пред логорот да биде ослободен од советските сили.