Германија: Полицијата ги растури протестите против проширување на рудник за лигнит

Сподели со своите пријатели

Демонстрантите со недели протестираат против проширувањето на рудникот Гарцвајлер, управуван од енергетската компанија RVE, во напуштеното село Луцерат во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Loading...

Тие формираат човечки синџири, организираат седечки протести и окупираат напуштени згради во Луцерн кои се планирани за уривање за да се направи простор за проширување на рудникот, според Ројтерс.

„Сметате дека ова е мирно иселување? Смешно е тоа што го правите, како не ви е срам?“ рече еден демонстрант додека полицијата ги влечеше активистите што седеа на каллива патека.

Протестите ги нагласуваат растечките тензии околу климатската политика на Берлин, за која екологистите велат дека е затечена од енергетската криза што ја погоди Европа минатата година по рускиот напад врз Украина.

Конфликтот ја натера владата на Шолц да го смени курсот на енергетската политика, која вклучува повторна употреба на електрани на јаглен и продолжување на животниот век на нуклеарните централи, откако Русија го прекина снабдувањето со гас во Европа во енергетскиот ќор-сокак што ги зголеми цените.

Демонстрациите се особено чувствително прашање за партијата на Зелените, која е на власт како дел од коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц и чии повеќето членови се против проширувањето на рудникот, но министерот за економија Роберт Хабек од Зелените ја поддржа владината одлука за проширување.

Во рудникот Гарцвајлер секоја година се ископуваат околу 25 милиони тони лигнит, соопшти компанијата РВЕ, а пренесе Танјуг.