Германија планира да ја преполови воената помош за Киев

Сподели со своите пријатели

Германија планира да ја преполови воената помош за Украина следната година, од осум на околу четири милијарди евра, според нацрт-буџетот одобрен од владата.

Loading...

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер изјави дека финансирањето на Украина е „обезбедено во догледна иднина“ благодарение на одлуката на групата богати земји Г7 да испорача повеќе од 50 милијарди евра замрзнати руски средства.

По Америка, Германија е вториот најголем воен финансиер на Украина.

Според буџетот за оваа година, Берлин на Киев ќе му даде речиси 7,5 милијарди евра.

Планираните намалувања на помошта доаѓаат поради стравувањата во Украина и меѓу нејзините европски сојузници дека американското финансирање би можело да биде намалено или дури и суспендирано доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД во ноември.

Рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Нацрт-буџетот беше одобрен од германската влада во средата.

Иако ќе се намали воената помош за Украина, германскиот одбранбен буџет за 2025 година ќе биде зголемен за 1,3 милијарди евра на вкупно 53,25 милијарди евра.

Loading...

Ова е сепак помалку од шесте милијарди евра што ги побара министерот за одбрана Борис Писториус.

Германија планира да ја исполни целта од два отсто од БДП за одбрана, што е цел на НАТО алијансата.

За предлог-буџетот за следната година треба да расправаат и пратениците во Бундестагот.