Водачот на македонскиот мото клуб ”Ноќни волци”, Ленин Јовановски, на својот Фејсбук профил објави вест дека на 6 мај бил приведен од страна на германските власти, како би бил спречен да присуствува на прославата по повод 70 години од победа на фашизмот која ќе се одржи во Берлин.
Како што наведува Јовановски, тој бил уапсен под изговор дека преставува голема опасност за Германија.
Денес бев УАПСЕН од германската полиција која ме спречи да присуствувам на прославата во Берлин 70години победа над фашизмот. После 4-5 часа малтретирање на цела наша мото колона составена од моторџии од Русија, Македонија, Бугарија, Чешка, Германија… Повисокиот орган на полицијата т.н. Бундес Полис Президиум-Потсдам, одлучи да бидам уапсен со заклучок дека јас сум претставувал ГОЛЕМА ОПАСНОСТ за Германија. На товар ми се става тоа што сум на погрешната страна во конфликт помеѓу западната и руската политика, грев ми било што сум се поздравил и зборел со Путин, што сум ги поддржувал и солидаризирал со “бунтовниците” во Украина. Како Ноќен Волк сум бил екстремен националист и хомофоб, сум поттикнувал демонстрации и сум ги провоцирал државите, сум бил за Анти-Мајдан и за анексијата на Крим. Од тој аспект (како што пишува во образложението за моето апсење) тие предвидуваат дека со мојот влез во Германија претставувам закана за општата сигурност и ред во Германија.
Мора да е така кога за сето тоа е задолжен цел кордон полицајци со и без униформа и со толкава логистика на возила, камери… (Документите во прилог) Спремни бре овие од Германскава полиција спремиле нешто од папирите и на македонски.
Многу ми е жал што цела колона чекаше со саати. Многу ми е жал што не стигнав до Берлин. Но среќен сум што сите други, сите до еден што ги пуштија, не си заминаа додека јас не им го кажав тоа. Поминаа сите наши браќа од Русија, Македонија… за да си ја постигнат целта. Не знаат Германциве дека кого го нема и без него се може.
Политиката никогаш не ме сакала, ниту во Македонија, а ете ни тука во Германија. (од што ли навистина се плашат ?! ) слика во прилог, сликано пред апсењето, па и не сум страшен, ако сум Волк, напиша Јовановски на својот Фејсбук профил.