Германија годинава нема да забележи економски раст

Сподели со своите пријатели

Германија годинава нема да забележи економски раст, се вели во есенската прогноза што денеска ја објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Loading...

Во претходната прогноза, институтот очекуваше дека Германија на крајот на 2024 година ќе забележи економски раст од 0,4 отсто.

Експертите ги ревидираа и очекувањата за економски раст во Германија во 2025 година и сега веруваат дека тој ќе изнесува 0,9 отсто, додека во претходната прогноза предвидуваа раст од 1,5 отсто.

Според сегашните очекувања на експертите, германската економија ќе порасне за 1,5 отсто само во 2026 година.

Во другите земји има забележлив економски пораст, додека германската економија се уште е во застој, коментира шефот на одделот за прогнози на IFO, Тимо Волмершаузер.

Според него, во Германија има и структурна и економска криза.

„Премалку се инвестира, особено во производството, а продуктивноста стагнира со години. Состојбата со нарачките е лоша“, додава Волмерсхајзер.

Зголемувањето на куповната моќ во Германија не влијае на зголемувањето на потрошувачката, бидејќи граѓаните се несигурни и повеќе наклонети кон штедење од порано.

Loading...

Стапката на инфлација во Германија ќе падне од минатогодишните 5,9 отсто на 2,2 отсто во 2024 година и дополнително ќе падне на два отсто во 2025 година и на 1,9 отсто во 2026 година.

Според прогнозата на Институтот, стапката на невработеност во Германија ќе се зголеми од минатогодишните 5,7 отсто на 6 отсто во 2024 година.

Невработеноста потоа ќе се намали на 5,8 отсто во 2025 година и 5,3 отсто во 2026 година.

Дефицитот на националниот буџет најверојатно ќе достигне два отсто од БДП на Германија оваа година и ќе падне на 1,3 отсто од БДП следната година и на 0,9 отсто од БДП во 2026 година, според веб-страницата на МФО.