Германија го укинува карантинот на 1 мај

Сподели со своите пријатели

Во Германија, карантинот поради инфекција со коронавирус ќе биде главно необврзувачки од 1 мај.

Loading...

Министерот за здравство Карл Лаутербах изјави дека заразените нема да мора да бидат изолирани од 1 мај, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека карантинот ќе биде само на доброволна основа.

 

Русија: Украинските специјални служби исценираа наводни убиства на цивили

 

Лаутербах објасни дека Министерството ќе издаде само препорака заразените со корона да бидат во изолација пет дена.

Но, предвиден е еден исклучок, а тоа се медицинските работници, за кои ќе важат важечките правила за карантин, а тоа е дека мора да одат во изолација, од која ќе можат да се „ослободат“ по пет дена тестирање.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци