Продолжува групната депортација на странци кои што не ги исполниле условите за добивање азил и престој во Германија, пишува порталот Република.
Според локалните власти во градот Карлсруе – Германија, вчера во 14 часот од аеродромот во Баден – Баден биле депортирани вкупно 59 граѓани на Македонија и Србија, од кои 13 од нив од покраината Баден – Виртемберг, а останатите од Хесе, Рајна – Палатинат, Сарланд и Саксонија.
Меѓу депортираните, според радиото „Дрејекланд“ од Фрајбург кое што тврди дека властите систематски ги кријат информациите за протерувањето на странските државјани баратели на азил, има и 19 деца.
Според невладини организации кои што протестираат против депоратацијата локалните власти одбиваат да ја најават депортацијата на азилантите од Балканот, најголем дел од нив Албанци и Роми. Ниту германските власти ниту организациите за човекови права засега не можат да дадат прецизна бројка на протерани македонски граѓани од Германија.
Официјалниот став на германското минситерство за миграција е дека во своите матични држави ќе бидат вратени сите странци кои што не ги исполнуваат условите за добивање азил.
Според одлуката на германските власти донесена минатата година граѓаните на земјите од заладниот Балкан – Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Црна Гора и Албанија се сметаат за безбедни земји, и доколку нема јасно загрозување на личната безбедност во матичната земја, според строгите критериуми на Германија, тие не можат да се надеваат на добивање азил.
фото: Вечер