Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласила дека Блискиот Исток „не смее да се лизне во ситуација чиј исход е целосно непредвидлив“.
„Тоа не би помогнало никому, ниту на безбедноста на Израел, ниту на десетиците заложници кои се уште се во рацете на Хамас, ниту на многуте луѓе во Иран кои страдаат под тој режим, ниту на другите земји во регионот кои едноставно сакаат да живееме во мир“, рече таа.
„Сега сите мора да дејствуваат претпазливо и одговорно“, додаде Бурбок пред да го напушти Израел, според Ројтерс.
Таа беше на седмата посета на Израел во обид да помогне во деескалација на тензиите откако Хамас ја нападна земјата на 7 октомври минатата година.