Германија би можела да го забрани ChatGPT

Сподели со своите пријатели

Германија би можела да го следи примерот на Италија и да го блокира ChatGPT поради безбедносни грижи, изјави германскиот комесар за заштита на податоци Урлих Келбер за весникот Habdelsblatt.

Loading...

Италијанските регулатори издадоа извршна забрана за четботот ChatGPT пред неколку дена, но исто така започнаа истрага за потенцијално прекршување на законите за приватност на податоците.

„Слично може да се случи и во Германија“, вели Келбер, но не кажа дали во моментов има планови за тоа.

Келбер истакна дека Германија побарала од Италија дополнителни информации поврзани со забраната.

Регулаторните тела на Франција и Ирска, исто така, контактирале со нивните италијански колеги.

„Ги следиме потезите на италијанскиот регулатор за да ги разбереме причините за нивните постапки и ќе ја координираме нашата работа со сите европски органи за заштита на податоците во врска со ова“, рече портпаролот на ирскиот комесар за заштита на податоците.

Од друга страна, за разлика од нив, шведскиот регулатор соопшти дека не планира да го забрани ChatGPT, ниту е во контакт со италијанските власти.

OpenAI во петокот објави дека активно работи на намалување на количината на лични податоци што ги користи за да ги „тренира“ своите системи за вештачка интелигенција.

Loading...

Покрената е истрага од страна на италијанското тело за заштита на приватноста за протекувањето, кое ги разоткри разговорите на корисниците на ChatGPT и нивните финансиски информации.

Италијанските регулатори, исто така, ги обвинија креаторите на четбот дека не ја потврдиле возраста на корисниците (кои мора да бидат над 13 години).

Италија е првата западна земја која направи ваков чекор.