Германец приведен на Табановце, возилото му го барал Интерпол

Сподели со своите пријатели

Четириест и осумгодишен германски државјанин бил приведен вчера на Граничниот премин Табановце, информираат денеска од МВР.

Loading...

– На 29.10.2024 во 13.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.О.(48) од Германија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како шт додаваат оттаму, при проверка на патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, кое го управувал, а кое било сопственост на О.О. од Турција, констатирано било дека патничкото возило било барано од Интерпол.

– Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дводневна предновогодишна забава во Куманово

Никола Ивановски