Геомагнетна бура ќе ја „спушти“ поларната светлина многу појужно

Сподели со своите пријатели

Поларната светлина (аруроа бореалис) – спектакуларен визуелен феномен кој може да се види во арктичкиот круг, би можел да биде видлив и во другите делови од светот во наредните неколку дена, а на тоа би требало да и се заблагодариме на геомагнетната бура која ќе ја погоди Земјата.

Loading...

Експертите од Националната институција за океани и атмосфера (NOAA), американските метеоролошки агенции, велат дека бурата е со умерен интензитет, но сепак доволно силна за да поларната светлина се види со голо око во Канада и на северот на САД.

Геомагнетната бура е феномен до кој се доаѓа поради промени во мангетосферата на Земјата. Се случува среде удар на соларен ветер, односно четисчки кои проаѓаат низ соларниот систем и магнетното поле на Земјата. Бурата исчезнува со исфрлање на коралните маси, односно емиси на соларни плазми кои патуваат од соларните зони со силни магнетни полиња.

Потребни се денови за да бурите пристигнат до Земјата, но најинтензивните Земјата ќе ја погодат во рок од 18 часа.

Оваа недела геомагнегната бура допринела за создавање на дури три експлозии од сончевите зони – соларни предели со намалена површинска температура. Експлозии кои патуваат низ вселената и уништуваат се што ќе им се најде на патот.

Кога ќе дојде до Земјата, експлозијата се соочува со атоми и молекули во нејзината атмосфера. Токму така настанува поларна светлина на половите. На Северниот пол се нарекува аурора бореалис, а на Јужниот пол – аурора аустралис.

Силните геомагнетни бури имаат и некои несакани појави. Тие можат да го пореметат напојувањето со струја, комуникациите и сателитите. Некои експерти се соменваат и дека влијаат на пореметување на биолошкиот часовник кај луѓети и дека предизвикуваат промени на крвниот притисок и отчукувања на срцето.

Рускиот астрофизичар Сергеј Богачов вели дека ова е најсилна бура во изминатите 18 месеци, но сепак и дал оценка три на скалата од еден до пет. Во Американската метеоролошка агенција велат дека овие експлозии не се опасни и дека е малку веројатно дека би можеле да ја загрозат планетата.

Loading...

Ова не е ништо во споредба со големата сончева бура од 1859 година – најекстремната соларна бура забележана до сега – кога поларната светлина можела да се види дури и на Бахамите.

Во извештајот на американската Национална академија на науките пишува дека „тешко бурно сценарио“ би можело да предзивика штета од една до две илјади милијарди долари само во текот на првата година, а на светот би му требале 10 години за да се поправи. За среќа, моменталната бура веројатно ќе биде запаметена само како „засилена“ поларна светлина.

Leave a Reply