Геј сексот повеќе нема да е забранет во Сингапур

Сподели со своите пријатели

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуалните односи, со што хомосексуалноста ќе биде легална.

Loading...

Одлуката ја објави премиерот Ли Хсиен Лунг на националната телевизија.

ЛГБТ активистите во Сингапур го поздравија овој потег како „победа на човештвото“.

Сингапур е познат по своите конзервативни вредности, но во последниве години се поголем број луѓе повикаа на укинување на законот 377А од колонијалната ера.

Така, Сингапур стана последната земја во Азија која почна да ги промовира ЛГБТ правата, по Индија, Тајван и Тајланд.

Претходниот став на владата на Сингапур беше да го задржи законот 377А, но со ветување дека нема да се спроведе во пракса, за да ги смири спротивставените страни во јавноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Меѓутоа, сега премиерот Ли најави дека ќе го укине законот.

Тој рече дека верува дека „ова е вистинската одлука што мнозинството Сингапурци ќе ја прифатат“.

Loading...

Тој исто така рече дека „денес се поприфатени хомосексуалците“ и дека укинувањето на контроверзниот закон ќе донесе „олеснување за геј Сингапурците“.