Властите во Појасот Газа, под контрола на Хамас, денеска соопштија дека во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија загинале 195 лица.
Loading...
Министерството за здравство на Газа соопшти дека 1.000 луѓе се убиени, ранети или исчезнати.
„Нападите оставија 195 мртви, 120 исчезнати под урнатините, а 777 се ранети“, се вели во соопштението на властите на Хамас.
Неколку згради беа уништени во нападите во вторникот и средата.
Израел објави дека цел бил еден од водачите на Хамас и дека во нападот загинале десетици борци.