Гаспром: Руските резерви на гас доволни за 100 години

Сподели со своите пријатели

Русија има резерви на гас во следните 100 години, а некои наоѓалишта ќе бидат оперативни и во употреба до 2120 година, изјави директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер.

Loading...

„Нашите руски клиенти ќе имаат пристап до евтино и сигурно снабдување со енергија. Клучно е да се запамети дека домашните потрошувачи имаат причина да бидат мирни кога станува збор за иднината на гасот. Затоа што имаме залихи за веќе 100 години“, рече Милер.

Тој посочи дека е познато дека некои наоѓалишта, кои сега се во фаза на развој, ќе профункционираат и ќе ѝ обезбедуваат гас на оваа земја до 2120 година, пренесе ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грузија: Десетици демонстранти уапсени, безбедносните сили употребија солзавец и водени топови

Милер додаде дека ваквите показатели се можни со основањето и растот на новиот комплекс за производство на руски гас во Јамал.