(ГАЛЕРИЈА) Опсежна сообраќајна контрола викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Сообраќајната полиција викендов спроведе опсежна акциска контрола  за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Loading...

 

 

Екипата на Кумановски Муабети викендов беше во патрола со полицијата, која на повеќе пунктови во градот ги запираше и контролираше скоро сите возила.

 

 

Loading...

Целта како што рече портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска во разговор со нашата екипа, не е да се казуваат граѓаните, туку да се подигне безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

– Сообраќајните контроли се пред се да ја подигнеме свестакај граѓаните и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Секој од нас треба да сеоднесува одговорно во делот на сообраќајот, дали се возачите или пешаците, бидејќи сите се учесници во сообраќајот, рече Младеновска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане

 

 

Како што информираат денеска од Секторот за внатрешни работи, викендов биле санкционирани 224 возачи.

Најголем дел од казните, или 193 биле за управување возило со брзина поголема од пропишаната. 13 санкции имало за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и 7 за нерегистрирано возило.

 

Loading...

 

Санкциониран е и едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.57 промили.

 

 

Од кумановската полиција велат дека од почетокот на годината на територијата на Куманово биле спроведени 82 акциски контроли при што се изречени 3.167  мерки за управување возила со брзина над дозволената, и 309 казни за возачи кои возеле под дејство на алкохол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Куманово до 17 часот?

 

Loading...

 

Сообраќајните контроли, како што потенцираат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат оттаму.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски