ФСБ: Спречен украински терористички напад со отровни материи

Сподели со своите пријатели

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила терористички напад планиран од украинските специјални служби со употреба на токсични хемикалии во претпријатие за одбранбена индустрија во регионот Јарослав.

Loading...

Како што е соопштено, приведен е руски државјанин кој имал намера да истури отров во вентилационите канали на автомобилите на наменетите жртви, пренесува РИА Новости.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација спречи терористички напад планиран од украинските специјални служби со користење токсични хемикалии за труење на работниците во едно од одбранбените индустриски претпријатија во Јарославската област“, ​​се вели во соопштението на ФСБ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп сепак нема да му ја предаде Украина на Путин? Сè поголем оптимизам во Европа!

Беше прецизирано дека приведениот руски државјанин зел два канистери со опасни хемикалии кои предизвикуваат изгореници на дишните патишта со можност за смрт од скривалиште опремено од украинските специјалци, кои планирал да ги истури во вентилационите канали на автомобилите на вработените во споменатата компанија.

Според руските разузнавачи, „активностите на терористите биле координирани од територијата на Украина преку странски интернет гласници“, врз основа на податоците во комуникациската опрема запленета од осомничениот, соопшти агенцијата, пренесе Танјуг.