06.08.2019 10:51

Фрли фрижидер во провалија, но казната стигна бргу (ВИДЕО)


Еден Шпанец мислел дека ќе биде симпатично да сними како фрла фрижидер во провалија.

– Рециклажа? Ајде да го рециклираме, рекол на снимката.

loading...

Меѓутоа, Шпанската цивилна гарда го идентификувала и му наредила фрижидерот да го извлече како знае и умее, за да потоа го одложи на еколошки прифатлив начин.

За кршење на Законот за одлагање отпад следуваат казни и до 45.000 евра, но засега не се додава дали против овој маж ќе биде покрената таква пријава.

Инаку, Шпанецот работел во продавница за домашни уреди, а по овој инцидент добил отказ.

Сега властите ја истражуваат компанија за која работел затоа што инспекцијата утврдила дека на несоодветен начин фрлиле најмалки 50 машини за перење алишта и други уреди.

Recogida del frigorífico tirado en el monte

El #SEPRONA de la Guardia Civil de #Almería ha identificado al autor del lanzamiento de un frigorífico en la ladera de un monte.A todos nos gusta salir al campo, dar un paseo con la familia y disfrutar de la naturaleza, pero… siempre hay algunos a los que les da por hacer alguna "gracia" y eso es lo que tenemos que evitar.La basura se va como la llevaste. #TenCabezaUn simple trozo de vidrio puede desencadenar un incendio, una pila puede contaminar un acuífero, un plástico puede matar… #AllíDondeNosNecesites #Llama062 #Veranoseguro

Публикувахте от Guardia Civil в Сряда, 31 юли 2019 г.

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments