Гренланд не е на продажба, изјави во понеделник данската премиерка Мете Фредриксен, откако американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела изјави дека интересот на претседателот Доналд Трамп да го преземе островот „не е шега“.
Loading...
– Гренланд денес е дел од Кралството Данска. Тоа е дел од нашата територија и не е на продажба – рече таа пред неформалниот состанок на лидерите на Европската унија во Брисел.
Трамп вели дека ќе ја направи автономната територија на Данска дел од Соединетите Држави и не ја отфрли можноста за употреба на воена или економска моќ за да ја убеди Данска да ја предаде.