Фотоапарат стар сто години продаден за повеќе од 14,4 милиони евра (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден од првите фотоапарати на Leica некогаш произведени бил продаден на аукција во Германија во саботата за 14,4 милиони евра.

Loading...

Прототипот на Leica 0-Series (сериски број 105) е стар речиси сто години и е многу редок. Таа е една од првите камери од 35 мм. Уредот некогаш му припаѓал на германскиот фотограф и пронаоѓач на камерата од 35 мм, Оскар Барнак.

 

 

Продажбата на аукцијата Leitz Photographica во Вецлер далеку ги надмина очекувањата. Се очекуваше камерата да чини меѓу 2 и 3 милиони евра. Оваа аукција, која се одржува двапати годишно, се смета за најголема светска аукција за винтиџ камери и оптичка опрема.

Во 2018 година, Leica Series 0 беше продадена за 2,4 милиони евра.

 

Loading...