Фон дер Лајен и Борељ ќе се сретнат со Зеленски

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хосеп Борел ќе се сретнат денеска во Киев, на самитот Украина-ЕУ, со украинскиот претседател Володимир Зеленски, за да разговараат и за новиот пакет санкции против Русија како и за прашањето за членство на Украина во ЕУ.

Loading...

Зеленски повика на нови санкции на ЕУ против Русија, но новите санкции што блокот ги подготвува за годишнината од почетокот на војната во Украина нема да бидат во согласност со барањата на неговата влада.

„Денес гледаме дека темпото на санкции во Европа е малку намалено. Терористичката држава (Русија) се прилагодува на санкциите. Тоа треба да се реши. Веруваме дека можеме да го направиме тоа заедно“, рече Зеленски вчера на заедничка прес-конференција заедно со Фон дер Лајен. Фон дер Лејен рече дека Русија плаќа висока цена бидејќи санкциите ја нагризуваат нејзината економија, враќајќи ја една генерација назад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите менуваат тактика, се наѕира крвава битка. „Ако не умрат тие, нашите војници ќе умрат“

Денешниот самит Украина-ЕУ е првиот собир од висок профил во главниот град на Украина од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година.

За време на состаноците се планирани разговори за испраќање дополнителна воена помош за Украина, подобрување на пристапот на украинските производи на пазарот на ЕУ, помош на Украина за покривање на потребите од енергија, воведување нови санкции против Русија, гонење на раководството во Москва за воени злосторства и други теми.