ФК Форца од Куманово вечерва ќе слави титула во Футсал лигата

Сподели со своите пријатели

ФК Форца од Куманово вечерва го игра последниот натпревар на домашен терен пред да го крене трофејот во Футсал лигата на Македонија.

Loading...

За прв пат клуб од Куманово ќе биде футсал шампион, а од клубот ги повикуваат сите кумановци вечерва да им дадат поддршка.

– Ја имаме честа да ве поканиме на нашиот последен натпревар како домаќини, каде што, за прв пат Куманово ја прославува шампионската титула во Првата македонска футсал лига, стои во поканата на клубот.

Инаку, клубот минатата година започна како дебитант, и годинава веќе пристигнува до титула.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп

Дури осумина играчи од ФК Форца се дел од футсал репрезентацијата на Македонија и интересно е што тимот има мешан состав и играат заедно Македонци и Албанци.

Последниот меч дома, се игра вечерва со почеток во 20:00 часот во спортската сала „Фаик Коница“ во Слупчане.

По реконструкцијата на спортската сала Куманово се очекува тимот да игра тука.

Никола Ивановски

Loading...