Кумановскиот футсал клуб „Форца“ е на чекор од шампионската титула во македонската футсал лига.
Минатата година ја започнаа како дебитанти, но оваа се веќе шампиони и се во полуфиналето на купот.
На три кола пред крајот на сезоната, кумановскиот клуб од 15 одиграни натпревари има сто отсто позитивен баланс, 15 победи.
Претседателот на клубот, Валдрин Мифтари споделувајќи го успехот информираше дека во моментов се најорганизирана екипа.
Тренираат четирипати неделно, 70 проценти од играчите се од Куманово, и клубот во моментов е во стабилна финансиска состојба.
– Имаме потреба од приватни спонзори за поддршка. Чекаме поголема поддршка и од Општина Куманово за наредната година да ја продолжиме и да го постигнеме успехот и во Лигата на шампионите, изјави Мифтари.
Осумина играчи од ФК „Форца“ се дел и од футсал репрезентацијата на Македонија.
– Верувам дека имаме капацитет со две до три засилувања од странски играчи да можеме да продолжиме во следната фаза во Европа – дополни тој.
Клубот постои од 2015-година, но последниве две се натпреварува во првата македонска лига.
Во моментов тренираат во салата во Општина Липково. Но по реконструикцијата на спортската сала во Куманово се надеваат дека ќе можат да играат натпревари како домаќини во градот, но и да приредат уживање за публиката.
Клубот во наредната година е пласиран во УЕФА шампионската лига, и ќе се натпреварува со клубови од други држави.
Никола Ивановски