ФК Форца го донесе во Куманово првиот пехар во футсал (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Фудбалерите на Футсал клубот Форца од Куманово викендов го кренаа пехарот во Македонската футсал лига и за прв пат станаа шампиони.

 

 

Откако клубот лани дебитираше во македонската футсал лига, годинава стигна до трофеј.

 

 

Дури осумина играчи од ФК Форца се дел од футсал репрезентацијата на Македонија и интересно е што тимот има мешан состав и играат заедно Македонци и Албанци.

 

 

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски им упати честитки.

– Уште еден клуб како вистински репрезент на градот се запиша во спортската историја на Куманово како прв државен првак во овој спорт.  Футсал клубот „Форца” е вистински пример за соживот, вистински пример за Куманово и Македонија во мало. Вистински пример дека државата ќе ја придвижиме напред, само ако квалитетот е пред сите останати вредности, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец психички малтретирал и го избркал од дома 13-годишниот син

 

 

Инаку, клубот натпреварите сезонава ги играше во спортската сала „Фаик Коница“ во Слупчане, но по реконструкцијата на спортската сала Куманово се очекува тимот да игра тука.

Никола Ивановски