Финска утре ќе ја затвори границата за Русите

Сподели со своите пријатели

Финска ќе ја затвори границата за руските туристи од утре, потврди денеска финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто.

Loading...

Границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски граѓани.

Имено, Русите кои ги посетуваат семејствата, работат или студираат во Финска сепак ќе можат да влезат во таа земја.

Финска, имено, сака драстично да го ограничи бројот на Руси кои влегуваат во земјата.

Да потсетиме, по прогласувањето на мобилизација за војната во Украина, илјадници Руси почнаа да бегаат во соседните земји, меѓу кои и Финска.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел