Финска: Украина може да го користи нашето оружје за да гаѓа цели во Русија

Сподели со своите пријатели

Украина може да користи оружје обезбедено од Финска за да цели на руска територија, изјавија високи претставници во Хелсинки.

Loading...

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен рече дека неговата земја не поставила никакви ограничувања за тоа што Украина може да направи со оружјето што го дава Финска, објави финската телевизија Иле.

„Доколку е потребно, Украина треба да нападне и воени цели на руската страна. Тоа е сосема легитимна одбранбена битка што ја води Украина. Повелбата на ОН дозволува воени цели да бидат нападнати преку копнени граници“, рече претседателот на парламентарната комисија за одбрана на Финска Јука Копра.

Позицијата на Финска се разликува од онаа на другите западни земји, вклучително и Германија, пишува „Политико“ и укажува дека германскиот канцелар Олаф Шолц не ја одобрува испораката на крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина, плашејќи се дека оружјето ќе се користи за да се напаѓаат цели длабоко во внатрешноста на Русија, а со тоа и Германците да бидат вовлечени во војната со Русија.

„Ја охрабрувам Германија сериозно да размисли за тоа“, рече Хакенен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.