Финска нема да влезе во НАТО без Шведска, изјави финскиот претседател Саули Нинисто.
Тој говореше за време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неделата во Хелсинки.
„Велам дека случајот со Шведска воедно е и наш. Тоа значи дека одиме рака под рака“, рече Нинисто, пренесува „Раша тудеј“.
Генералниот секретар Столтенберг рече дека НАТО нема рок до кој би требало да ги прифати нордиските земји во своето членство.
Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање да се приклучат на Западната одбранбена алијанса како одговор на конфликтот во Украина.
Двете земји се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат и засолнуваат курдските милитанти и другите групи кои ги смета за терористи.