Турскиот филм „Љубовта ги сака случајностите“ на 21-ви овој месец ќе се прикажува на филмското платно во Младинскиот културен центар „Козјак“ во Куманово, благодарение на соработката која ја имаат со турскиот Културен центар „Јунус Емре“.
Филмот ќе биде прикажуванво неколку градови во државата, меѓу кои и Куманово.
Сценариото на филмот е напишано од страна на Еврен Шит Ердик, во режија на Омер Фарук Сорак, а за прв пат филмот е прикажан во февруари 2011 година.
Влезот ќе биде слободен, со ограничен број на посетители според можностите на салата.