Во рамки на натпреварувачката сезона за кик бокс и ММА 2015/2016 во сабота во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија се одржа државно првенство во кик бокс за сениори во Радишани – Скопје.
За КБК-ММА “Куманово-2006” настапи Филип Наковски во категорија -89 килограми, во дисциплината0 кик-лајт и го освои високото прво место, со што стана државен првак во оваа дисциплина.
Тоа е голем успех за нашиот клуб и град и се должи на напорни тренинзи,посветеност во спортот, дисциплина и друго. Јас сум задоволен од резултат и постигнатиот успех и посакувам успех и во иднина и се надевам дека Филип Наковски ќе го повтори успехот од ова првенство, а можеби во иднина ќе учествува и на некое по реномирано балканско или европско првенство – вели Сашо Иливески, тренер на КБК-ММА „Куманово 2006“.