„Ферари“ од 3 милиони, „Луј Витон“: Шокантни сцени од вилата на Асад, луѓето вадат вреќи пари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа колекција од луксузни автомобили кои му припаѓале на соборениот сириски претседател Башар ал Асад.

Loading...

Освен тоа, на видеата се гледа како бунтовниците ја ограбуваат неговата луксузна вила и земаат кутии на Луј Витон и пари од Централната банка.

На видеото се гледа дека автомобилите биле складирани во гаража во близина на претседателската палата во Дамаск, јавува Си-Ен-Ен, наведувајќи дека во колекцијата на Асад има повеќе од 40 луксузни возила.

 

 

Откриена колекцијата на луксузни автомобили на Асад

Меѓу автомобилите е црвено „ферари“ Ф50, кое вреди повеќе од три милиони долари, потоа „ламборџини“, „ролс ројс“ и „бентли“, а најмалку едно од возилата е со таблички од Дамаск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел: Заробивме 3.300 парчиња оружје и 2 тенкови во Сирија

Соочен со неверојатно брзата офанзива на бунтовниците, Асад и неговото семејство побегнаа во Москва и таму добија политички азил, потврди претходно официјален извор во Русија за една американска ТВ мрежа.

Loading...

 

 

„Госпоѓата не сака спанаќ“

На социјалните мрежи беа објавени и снимки од рацијата во кујната на Асад, каде што бунтовниците пронајдоа рецепти со кои готвачите подготвуваат оброци за семејството.

– Храна за госпоѓата: Не сака спанаќ – нема повеќе да го готвиме. Утре ќе готвиме лосос или риба – гласела една белешка во тетратката, пренесува CNN.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган ги повикува сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, оти Турција ќе ги уништи терористите

Исто така, беа објавени видеа на кои се гледа како бунтовниците и граѓаните земаат вреќи полни со пари од Централната банка.

 

Loading...

 

Сиријците од палатата зеле кутии „Луј Витон“.

На снимката со која располага Ројтерс се гледаат луѓе како влегуваат во претседателската палата, додека децата трчаат по огромните соби, а мажите туркаат голем ковчег преку луксузниот паркет.

Може да се видат неколку мажи од палатата како носат елегантни столчиња на рамениците.

Ограбени се шкафовите во магацинот, а бројни предмети се расфрлани на подот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел: Заробивме 3.300 парчиња оружје и 2 тенкови во Сирија

Се појавија и видеа на кои се гледа како бунтовниците и граѓаните упаднале во гардеробата на Башар ал Асад и неговата сопруга Асма, позната по својот луксузен начин на живот и одземаат скапа облека.

По подот се расфрлани чаршафи и ќебиња, а маж ги изнесува познатите портокалови кутии „Луј Витон“.

 

Loading...