Експерти за диви животни во Флорида наишле на џиновски бурмански питон со апетит поголем отколку кај било кое животно дотогаш.
Оваа змија била толку гладна, што изела цела срна и две срнчиња, пишува британски „Telegraph”. Според истражувањата кои ги спровеле експертите, гладниот рептил својот плен го јадел околу 90 дена.
Loading...
Loading...
Змијата убиец, чие природно живеалиште е во Југоисточна Азија, но била увезена во Америка, била долга 16 метри и тешка близу 50 килограми. Своите жртви ги убивала така што со телото ги стегала додека тие не се задушиле.
Лидерот на тимот кој го заробил овој ѕвер, а потоа и го лишил од живот, рекол дека истражувањето на ова животно отвара некои сосема нови прашања за начинот на животот на змиите.
„Ако питонот е способен да убие и изеде три срни за три месеци, се поставува прашањето што уште и со колкава фрекфенција и брзина овие животни можат да изедат. Проблемот е во тоа што ние знаеме колку уште вакви ѕверови има таму некаде на слобода“, рекол Скот Бобак, истражувач од колеџот Дикинсон.
Змијата која ја пронашле е женка и веројатно цело време се криела во вода и од таму ги напаѓала жртвите кога доаѓале да се напијат вода.
Истражувачите во нејзината утроба пронашле седум килограми измет кој содржел влакна, коски, заби и копита. Според нивните сознанија, остатоците им припаѓаат на жртви стари околу една година, еден месец и две недели.