Тристан Тарнер од Јужна Австралија се најде во центарот на вниманието откако со голи раце фати ајкула и ја врати во океанот
Неговите синови го снимија драматичниот настан, а видеото стана вирално.
Децата за време на празниците по грешка уловиле ајкула Carcharhinus brachyurus.
За да ја ослободи од куките, Тарнер морал да ја фати за опашката и да ја одвлече до рампата.
Откако ја ослободил ајкулата од куката, тој ги изненадил сите кога се нурнал во водата и ја придружил до подлабока вода.
„Отсекогаш сонував дека ме „вози“ ајкула. Ја фатив нејзината перка и нурнавме заедно“, изјави тој.
Неговите синови биле доста исплашени кога тој се нурнал, пишува Дејли мејл.
Тарнер објаснил дека овој тип на ајкула е пријателски расположен и дека неговите пријатели знаат колку ја сака водата и природата.
Тарнер исто така додаде дека претходно имал „блиски средби“ со крокодили на имотот на неговиот партнер во Северната територија.
Ајкулите Carcharhinus brachyurus достигнуваат должина од 3,3 метри и тешко се разликуваат од другите ајкули.
Тие обично се наоѓаат во водите на континенталниот гребен на јужна Австралија и ретко напаѓаат луѓе.