Факти за настинката кои сигурно не сте ги знаеле

Сподели со своите пријатели

Од настинките заболуваме петпати годишно, а самиот збор упатува на тоа дека настинуваме како резултат на изложување на ниски температури, но лекарите тврдат дека се работи за вирус.

Настинката во просек трае до пет дена а зошто лекот се уште не е пронајден научниците го правдаат со фактот дека за време на настинката не не напаѓаат секогаш истите вируси.

Овие вируси мутираат што го отежнува нивното анализирање.

Дали тоа значи дека нашите баби и мајки не биле во право кога зборувале дека после капење не треба да се излегува надвор бидејќи ќе настинете.

Студиите во Германија и Аргентина откриле дека настинката најчесто се јавува на зима. Од тоа може да се заклучи дека студеното и влажно време е причинител на настинките, но тоа е само делумно вистина.

Станува збор за тоа дека во вакви временски услови луѓето најчесто се задржуваат дома, односно во затворени простории, поради што се поголеми шансите да дојдат во контакт со другите луѓе и да се закачат бактериите.