Само 12 отсто од населението се леваци, но тој процент полека се зголемува.
Иако во повеќето земји одамна е прифатено некој да е левак, сепак има земји кои не го прифаќаат и не го признаваат тоа, никој не се труди ништо да им олесни. За среќа, процентот на луѓе кои ја пшшуаат со својата лева рака полека се зголемува.
Во 1860 година дури се сметало дека левораките имаат поврзаност со ѓаволот.
Алергии
Дали сте левак и имате алергии на пролет? Ова не е изненадувачки. Книгата, Церебрална доминација: Биолошка основа, покажува дека луѓето кои се леваци имаат 11 пати поголема веројатност да бидат алергични на нешто. Тие исто така имаат 2,5 пати поголема веројатност да развијат автоимуна болест.
Повеќе се подложни на мигрена
Луѓето кои се леваци се чини дека имаат мигрена двапати почесто од десничари.
Немирно спијат
Сите понекогаш се движиме во сон, но тоа е многу почеста кај леваците. Феноменот на периодично нарушување на движењето на екстремитетите е многу почест кај леваците. Студијата од 2011 година покажува дека 94 отсто од левораките понекогаш страдаат од ова, во споредба со 69 отсто од десничарите.
Дека не е се така црно, покажува и друго истражување, кое тврди дека левораките се поинтелигентни, како и дека се подобри во решавањето на повеќе работи истовремено, во споредба со десничари.