Компанијата Фејсбук објави дека за да се избегне задушување на интернетот во Европа, привремено го намалува протокот на видео содржини на своите социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм.
Ова се случи по големиот скок во користењето на Интернет, како резултат на воведувањето на итни мерки во цела Европа, за кои е потребна работа од дома и социјална изолација.
Фејсбук по грешка бришеше корисни информации
Претходно, „Нетфликс“ и „Гугл“ објавија дека ќе ги прилагодат своите видео содржини на новата ситуација.
„Во ситуација кога милиони Европејци се навикнуваат на мерките за социјална изолација преку работа, учење и забава преку интернет, им се заблагодаруваме на Гугл и Нетфликс за преземените чекори за зачувување на непречено функционирање на интернетот за време на кризата со Ковид19“, рече комесарот за внатрешен пазар Тери Бретон.
Европската комисија претходно ги повика давателите на услуги на интернет, операторите и корисниците да го спречат задушувањето на мрежата и да обезбедат отворен интернет во овие вонредни околности.
Отсега Фејсбук достапен и во Dark Mode
На платформите за прикажување се препорачува да понудат стандардна содржина наместо HD содржина.
Клиентите се поканети да ги прилагодат своите опции за да ја намалат потрошувачката на информации со помош на безжичен интернет и пониска резолуција на содржина.
И покрај зголемениот пристап до интенетот, Европската комисија вели дека во моментов не постои застојот на мрежите во Европа, но бараат предупредување и мониторинг на ситуацијата.