Ф-16 го направи првиот лет над Словачка

Сподели со своите пријатели

Еден од борбените авиони Ф-16 неодамна испорачан во Словачка го изврши својот прв лет над Словачка, објавија Словачките вооружени сили.

Loading...

Како што се наведува, овие авиони ќе имаат непроценлива вредност за безбедноста на Словачка, пренесува ТАСР.

Првите два борбени авиони Ф-16 од американско производство слетаа на воениот аеродром во Кучина на 22 јули.

Третиот F-16 се очекува да пристигне во Словачка во октомври, а уште пет авиони ќе пристигнат во 2025 година.

На крајот на 2018 година Словачка склучи договор за вкупно 14 ловци Ф-16.