Eвровизија: Забранети ЛГБТК и палестинските знамиња

Сподели со своите пријатели

На овогодинешниот Евровизиски натпревар ќе бидат забранети не само знамињата во боите на виножитото, кои се симбол на ЛГБТК заедницата, туку и палестинските или „европските“ знамиња, објави холандскиот јавен радиодифузен сервис АВРОТРОС.

Loading...

Ова е всушност објаснување за одлуката на Европската радиодифузна унија (EBU) учесниците на фестивалот да можат да го носат само знамето на својата земја, објавија холандските медиуми.

Организацијата за правата на ЛГБТК заедницата, COC, ја оцени оваа одлука како целосно апсурдна, пишува „NL Times“.

Објаснувајќи ја одлуката, АВРОТРОС нагласи дека Евровизискиот натпревар не е политички настан, па иако виножитовото знаме не е политичка порака, како што наведоа, ЕБУ сакаше да го забрани истакнувањето на тоа знаме, и не само него.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Расте опасноста светската економија да западне во рецесија оваа година

COC изјави дека носењето на виножитовото знаме е израз на ЛГБТК идентитетот и дека сака холандскиот јавен радиодифузен сервис да побара од EBU да ги повлече новите правила за прикажување на знамињата, но холандскиот јавен радиодифузен сервис одлучи да не го стори тоа.

ЕБУ вчера исто така објави дека Клод, холандскиот претставник на Евровизискиот натпревар, може да го носи само холандското знаме на сцената, а дека може да го покажува знамето на Конго, каде што живеел до својата деветта година, само во неофицијални простории.