Европските и американските берзански индекси главно во пораст, нафтата и златото поскапеа

Сподели со своите пријатели

Европските и американските берзански индекси денеска главно се во пораст, како и цените на нафтата и златото.

Loading...

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.528,45 поени, британскиот FTSE 100 се искачи на 8.328,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.528,55 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.954 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 40.589,34 поени, S&P 500 на 5.459,10 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.357,88 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 77.406 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 81.404 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина пријави 7.000 случаи на вирус што се пренесува преку комарци

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 32,2 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.391,86 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,1864 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08580, што е приближно исто како и во петокот.