Eвропска држава која нема војска, а граѓаните не ги заклучуваат домовите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лихтенштајн е уставна монархија на чие чело стои монарх, а владетелското семејство се уште живее во замокот изграден во 12. век.

Loading...

 

 

Ккнежевството Лихтенштајн е мала држава сместена меѓу Австрија и Швајцарија, а по бројот на жители е шесттата најмала земја во светот.

Има еден тунел и железничка станица и пруга долга само 9,5 километри.

Во Лихтенштајн живеат околу 39.000 жители кои немаат обичај да ги заклучуваат вратите на своите домови, затоа што живеат во земја со најниска стапка на криминал во светот.

Последното убиство се случило во 1997 година.

Loading...

Имаат само еден затвор, а затворениците кои се осудени на повеќе од две години затвор, казната ја издржуваат во Австрија.

Оваа земја мудро се држи надвор од светската политика, ретко се споменува во медиумите иако е туристичка дестинација.

Како планинска земја, атрактивна е за зимски спортски дестинации.

Официјалниот јазик е германскиот. Според уставот католицизмот е офицјиална државна религија и има само еден бискуп.

Петнаесет банки со лиценца во Лихтенштајн првенствено се вклучени во управување со имотот. Најголемата банка „LGT“ ја поседува владетелското семејство.

Во споредба со бројот на жители ниту една земја нема толку компании како Лихтенштајн, една на секои осум жители.

Паметно се држат подалеку од сите можни конфликти, а последен пат во војна учествувале во 1866 година. Поради тоа војската не им е потребна.