Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Европскиот парламент објави предлози за мерки за запирање и намалување на цените на енергенсите.
Би-би-си објави дека планот за ограничување на цените на рускиот гас е ставен во мирување.
Да потсетиме, поради најавата дека ЕУ ќе ги ограничи цените на гасот од Русија, рускиот претседател Владимир Путин се закани со студена зима.
– Ако се наметнат ценовни ограничувања за извозот на руска нафта и гас, Западот ќе биде замрзнат како волчја опашка во руска бајка. Ќе има ли политички одлуки кои се во спротивност со договорите? Да, нема да ги исполниме. Нема да испорачаме ништо што е во конфликт со нашите интереси. Нема да испорачаме гас, нафта, јаглен, нафта за греење – нема да испорачаме ништо! – нареди тој.
Инаку, Европа досега увезуваше околу 40 отсто гас и 30 отсто нафта од Русија.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.