Европа направи план за борба против Русија

Сподели со своите пријатели

Европската комисија подготви конкретен план за спротивставување на агресивните закани на Русија за континентот.

Loading...

Во нацрт-белата книга за иднината на европската одбрана, која ја виде германската агенција ДПА, Комисијата истакнува седум приоритетни области или празнини во воените капацитети што треба да се пополнат.

Областите вклучуваат воздушна одбрана, системи за беспилотни летала и електронско војување.

Во текстот се наведува дека Европа мора да биде подготвена за војна доколку сака да ја избегне.

Во документот се наведува дека Русија неповратно е на пат да стане воена економија и дека ја продолжува војната против Украина додека истовремено се подготвува за идни конфликти со европските демократии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците објавија снимка од нападот: „Па вака ли изгледа паузата на Путин во нападите? (ВИДЕО)

Комисијата најави дека ќе собере 800 милијарди евра за проекти за повторно вооружување, што вклучува нов фонд од 150 милијарди евра и привремено ослободување за одредени одбранбени инвестиции.