Еве што значат вашите сонови за минатото!

Сподели со своите пријатели

Старите Египќани дури имале книги за нивно толкување, а имало и експерти кои се специјализирале за толкување на соништата.

Loading...

Оваа фасцинација со соништата опстојува од античко време до денес.

Дали некогаш сте сонувале моменти од минатото и сте се запрашале што значат вашите соништа?

 

 

Сонови за минатото обично се поврзуваат со сегашноста

Сонувањето за нашето минато не е чудно, бидејќи сите ние имаме потсвесна желба да размислуваме за своето минато, да ги преживееме убавите времиња и да ја апсорбираме носталгијата.

Соништата за вашето минато може да бидат еден од начините на кои вашата потсвест ве потсетува на нешто слично на настан што сте го сретнале претходно.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

Ако вашиот сон се однесува на одредени луѓе од вашето минато, тоа може да значи различни работи.

 

 

Соништата за пријатели од детството може да значат дека копнеете за поедноставни времиња и дека тоа се луѓето што потсвесно ги поврзувате со слобода и намален стрес од детството.

Соништата за некој од вашето минато на кој му било непријатно со вас може да укажуваат на тоа дека вашата потсвест прави замена, користејќи личност од вашето минато како замена за сегашен познаник кој ги предизвикува истите емоции кај вас, пишува The List.

Конечно, ако неодамна сте сонувале за минатото, првиот чекор во неговото толкување можеби е да размислите за она што моментално ги окупира вашите мисли во сегашноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Момче дух“: Поминал 13 години заробен во сопственото тело, па се разбудил од кома