ЕУ: Зголемени ризици за цивилните летови над рускиот воздушен простор

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија (ЕАСА) денеска предупреди на „зголемени ризици“ за авионите кои летаат над Русија поради недостаток на координација со војската, што се покажа, како што беше наведено, во неодамнешната несреќа на азербејџански авион.

Loading...

Во известувањето за безбедноста во конфликтните зони, EASA ја повтори својата препорака до авиокомпаниите да не летаат низ западниот руски воздушен простор, кој Москва претходно го забрани за превозници со седиште во ЕУ, но сè уште се користи од авиони од Кина, Турција, Индија, Персискиот Залив и некои други.

Зоната за која станува збор се наоѓа „западно од 60-тиот меридијан исток на сите надморски височини и сите нивоа на летови“, додава европската агенција, која, без оглед на мерките што ги презема Русија, препорачува избегнување летање над дел од таа територија од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Трамп мора да размислува за народот на Гренланд, исто како што ние мислиме за оние во Украина

Во новото советување, агенцијата посочува дека конфликтот создава ризици за цивилните авиони кои ненамерно би можеле да станат мети, поради можниот недостаток на координација меѓу цивилните и воените власти кога ќе почне да дејствува противвоздушната одбрана.

Се однесува на трагичниот случај со летот 8243 на Азербејџан ерлајнс.

Триесет и осум лица загинаа во падот на авионот, кој летал меѓу Баку и Грозни, главниот град на руската република Чеченија, на 25 декември.

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека противвоздушната одбрана била активирана на денот на падот поради напад на украинско беспилотно летало, но Кремљ вчера повторно одби да ја признае својата одговорност за авионската несреќа и покрај инсистирањето на Баку.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мјанмар: Повеќе од 500 куќи изгореа во армиски напад. Загинаа 40 цивили

Во своето соопштение, ЕАСА наведува дека Русија не покажала дека е целосно способна да ги намали ризиците за цивилните авиони поврзани со конфликтот во нејзиниот воздушен простор.

Loading...

Агенцијата додаде дека во моментов ниту една европска авиокомпанија не лета за Русија или го користи рускиот воздушен простор, бидејќи Москва го затвори како одговор на западните санкции наметнати на почетокот на руската инвазија на Украина.

Сепак, ЕАСА додаде дека неколку авиокомпании од земји кои не се членки на ЕУ продолжуваат да го користат тој воздушен простор и покрај ризикот од војна. Има кинески авиокомпании, потоа турски, индиски авиокомпании и оние со седиште во Персискиот Залив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американка се пожалила дека нејзиното момче ја малтретира. Следниот ден ja пронашле во станот без глава

EASA може да издава само препораки.

Секој национален орган за цивилно воздухопловство може да забрани или ограничи прелетување на одредени земји или зони за авиокомпании под негова јурисдикција.