ЕУ: За масакрот во Украина е виновна руската власт

Сподели со своите пријатели

Европската унија ги смета руските власти одговорни за злосторствата во украинските градови бидејќи тие имаа целосна контрола врз сега ослободената област и работата на нови санкции е во тек, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Loading...

„Сторителите на воени злосторства и други сериозни прекршувања, како и одговорните владини претставници и воените лидери ќе одговараат. Руските власти се одговорни за овие злосторства, извршени додека имаа целосна контрола врз областа. Европската унија ги поддржува сите мерки за да се обезбеди одговорност на руските вооружени сили за кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право во Украина“, се вели во писмената изјава објавена од Борел во име на Европската унија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австрија воведе гранична контрола кон Словачка

 

Москва започнува истрага за обвинувањата на Киев за злосторства во Буча

 

Во соопштението најостро се осудуваат злосторствата извршени од руските вооружени сили во неколку окупирани украински градови кои сега се ослободени.

„Вознемирувачки слики од голем број убиени цивили…“

„Вознемирувачките слики од голем број убиени цивили, како и уништувањето на инфраструктурата го покажуваат вистинското лице на бруталната агресија на Русија против Украина и нејзиниот народ. Масакрите во Буча и другите украински градови ќе бидат на списокот на злосторства извршени на европска почва“, се вели во соопштението.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ураган во Флорида однесе покрив на болницата, евакуирани пациенти на респиратори (ВИДЕО)

 

Борељ: Поради злосторствата во Украина, мора итно да се донесат нови санкции

 

Борел истакнува дека ЕУ целосно ја поддржува истрагата за воени злосторства и злосторства против човештвото, започната од обвинителот на Меѓународниот кривичен суд и работата на Меѓународната истражна комисија, и дека Унијата им помага на јавниот обвинител на Украина и на граѓанското општество во собирањето и складирањето докази за воени злосторства.

„Ние сме во целосна солидарност со Украина и нејзиниот народ во ова мрачно време за целиот свет. ЕУ ќе продолжи силно да ја поддржува Украина и итно ќе почне да работи на дополнителни санкции против Русија“, рече Борел во изјавата во име на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено четврто истекување гас на Северен тек