ЕУ ќе воведе нови санкции кон Иран

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Стразбур изјави дека ЕУ ќе предложи санкции насочени против иранските субјекти вклучени во војната во Украина.

Loading...

„За прв пат предлагаме санкции против иранските ентитети, вклучително и оние поврзани со Револуционерната гарда“, рече фон дер Лајен, пренесе Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија додаде дека десеттиот пакет санкции против Русија е фокусиран на нови трговски забрани и контроли на извозот на технологија како беспилотни летала, хеликоптери и ракети, пренесува Танјуг.